• вторник, 17 декември 2024

Уставни измени и реформи за продолжување на патот кон ЕУ, порача Борел

Уставни измени и реформи за продолжување на патот кон ЕУ, порача Борел

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Не треба да постои политичка поделеност за прашањата за Европската Унија. Ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи. Тоа е за сите граѓани, тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, туку за целиот народ, за Северна Македонија како земја, истакна вечерва потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде

Одењето по европскиот пат, потенцира тој, е нешто што треба да биде пред и над партиските превирања. 

-Тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа. Тоа е нешто што и треба на земјата, а со цел да напредувате во пристапните преговори, ќе биде од клучно значење да постои соработка, да се избегне политичката поделеност и да се слуша Европската Унија. Можеби не се согласувате со многу работи околу тоа што е демократија и им предлагате на граѓаните различни предлози, но не треба да постои политичка поделеност за прашањата за Европската Унија, порача високиот претставник на Унијата, кој ќе присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.

Позитивно го оцени носењето на новиот Деловник за работа со, како што кажа, меѓупартиска поддршка. 

-Се надевам дека ќе следат натамошни позитивни чекори за ова Собрание и врз основа на новиот Деловник и за следното Собрание, по изборите кога и да се одржат тие, рече тој.

Посочувајќи дека скрининг процесот набрзо ќе заврши, тој честиташе на целата администрација потенцирајќи дека ова е инвестиција и влог во нашата земја.

-Вие работите, не за вашата политичка партија туку за државата, рече Борел. 

Потпретседателот на ЕК исто така рече дека напорите за реформи на земјата е нешто што во Брисел многу се цени.

Членството во Европската унија е наша цел и немаме друга алтернатива и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители кои имаат одговорност во оваа земја, без изговори. Утре ќе би

Борел изрази надеж дека Северна Македонија ќе ја искористи можноста што се нуди со новиот план за Западен Балкан за да го поттикне економскиот раст, да се зголеми бројот на работните места и животниот стандард преку пристапот до делови од Единствениот европски пазар пред приклучувањето во Европската унија.

-Имате можност да добиете пристап до важни делови од единствениот европски пазар што е најважната предност од станувањето земја - членка, а вие ќе можете да пртистапите дури и пред да станете членка. Ова е прилика која треба да ја искористите, а за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Северна Македонија, на нејзината Влада..., истакна, меѓу другото, Борел на заедничката  прес-конференција со премиерот Ковачевски.ев/аа/

ФОТО: Влада/МИА Архива

Остани поврзан