• недела, 28 јули 2024

Даниелсон и Солстром во Скопје на средби со Маричиќ и Мицкоски

Даниелсон и Солстром во Скопје на средби со Маричиќ и Мицкоски

Скопје, 18 април 2023 (МИА) - Заменик-министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во Министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром денеска го посетија Скопје како претставници на шведското претседателството со Советот на ЕУ.

Како што соопшти Амбасадата на Кралството Шведска, Даниелсон се сретна со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

-Напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, процесот на уставни измени и реформската програма за соработка на Шведска, која има за цел да и помогне на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ беа теми на средбите, информираат од Шведската амбасада. мд/са/

Фото: Твитер/Кристијан Даниелсон

 

 

Остани поврзан