• петок, 02 август 2024

За празникот сончево и многу топло, до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

За празникот сончево и многу топло, до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Времето утре ќе биде сончево и многу топло со висока дневна температура во интервал од 33 до 40 степени. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. УВ-индекс 9.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.

За време на викендот, особено в сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер, над 60 километри на час и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 23 степени, а максималната од 30 до 39 степени.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под дрвја. мд/ац/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан