За пациенти од пожарот во Кочани кои ќе имаат потреба ПЗУ Кардиоарт бесплатно ја става на располагање хипербаричната комора
- -Сите овие третмани и се што е потребно во врска со лекувањето на пациентите од немилиот настан во Кочани се бесплатни, напиша д-р Николов на Фејсбук.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Д-р Сашко Николов од ПЗУ Кардиоарт денеска објави дека ја става на располагање хипербаричната комора за сите пациенти повредени во пожарот во Кочани кои според тријажа од терциерно здравство ќе имаат потреба од ваков вид третман.
-Сите овие третмани и се што е потребно во врска со лекувањето на пациентите од немилиот настан во Кочани се бесплатни, напиша д-р Николов на Фејсбук.
Во пожарот во дискотека во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. ев/са/
ФОТО: Фејсбук