• сабота, 23 ноември 2024

За непрописно престигнување изречени 141 казна на територијата на цела држава 

За непрописно престигнување изречени 141 казна на територијата на цела држава 
Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Во периодот од 07.00 до 12.00 часот денеска Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 141 возач.
 
Од нив, како што соопштија од МВР, 56 на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Тетово... За време на контролата санкционирани се и 171 други видови на прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/ац/
 
Фото:МИА

Остани поврзан