• сабота, 06 декември 2025

За екскурзија на ученици од социјални семејства, дебарската гимназија обезбеди средства преку донации

За екскурзија на ученици од социјални семејства, дебарската гимназија обезбеди средства преку донации

Дебар, 19 мај 2025 (МИА) – За учениците од трета година од дебарската гимназија „28 Ноември“ а кои се во неповолна социо-економска состојба, за планираната екскурзија надвор од државава, управата обезбеди средства преку донации.

-Во трета година, настава на македонски и албански наставен јазик следат 97 ученици. Според наставниот план и програма за овие ученици предвидена е екскурзија, надвор од државава. Поради неповолната социо-економска состојба на нивните семејства, за 11 ученици обезбедивме средства од по 375 евра, рече за МИА директорот на гимназијата Рамадан Имери. 

Додаде дека поголемиот дел од средствата или 3500 долари обезбедени се од дебрани кои живеат и работат во САД, потоа дел од жители на Дебар како и од активности на професори од гимназијата.

-Од мое име, од име на колегите и секако учениците, изразувам голем благодарност до сите кои искажаа подготвеност да ги помогнат овие деца, да може и тие заедно со нивните соученици да бидат на оваа повеќедневна екскурзија, на која заминуваат во сабота, посочи Имери.

Во ова единствено средно училиште во оваа општина, на двата наставни јазика, настава следат 505 ученици, сите гимназиска насока. вт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан