• среда, 25 декември 2024

За една недела санкционирани 151 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела санкционирани 151 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Скопје, 8 август 2022 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 151 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 01.08. до 07.08.2022 година, како што соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар, со помош на нивни специјални возила „Пајак“ отстранети биле 85 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 66 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. Од ЈП ПОЦ информираа дека со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. рп/дма/

Остани поврзан