• среда, 25 декември 2024

За една недела во Струмица се вакцинирале околу 1.000 граѓани против сезонски грип

За една недела во Струмица се вакцинирале околу 1.000 граѓани против сезонски грип
Струмица, 31 октомври 2022 (МИА) - Од почетокот на вакцинирањето против сезонскиот грип досега во Струмица се имунизирани ококу 1.000 лица. Од Центарот за јавно здравје во Струмица информираат дека интересот на граѓаните за вакцинирање е ист како лани. Најголем е интересот кај граѓаните на возраст над 65 години. -Покрај оваа група граѓани, бесплатна вакцина примаат и хронично болните, бремените жени, здравствените работници и децата од 6 месеци до 5 години, информира директорот Петре Витанов. Вакцинирањето против грип се врши на три пунктови, од кои едниот е во Валандово, кој го покрива Центарот за Јавно здравје во Струмица. Покрај интересот за бесплатното вакцинирање, голем интерес има и за комерцијалните вакцини за кои се плаќа 800 денари. рт/дма/

Остани поврзан