• вторник, 24 декември 2024

За два дена собрани 13.500 евра од донации на тетовци на наменската сметка од Општина Тетово

За два дена собрани 13.500 евра од донации на тетовци на наменската сметка од Општина Тетово

Тетово, 11 февруари 2023 (МИА) - На жиро сметката која наменски е отворена од Општина Тетово за да можат граѓаните да донираат парични износи со цел помош за подрачјата погодени од земјотресот во Турција и во Сирија, за два дена се собрани 834.430 денари (13500 евра).

 Според објавата на Општина Тетово на социјалните профили, поединично најголем износ е 50.000 денари.

-Сакаме да ви се заблагодариме за покажаниот човечки дух и великодушност. За само два дена граѓаните донираа средства во вредност од 834.430 денари за жителите на Турција и Сирија. Исто така, ве известуваме дека вечерва ќе бидат затворени собирните пунктови за облека или разни предмети. Единствената акција што ќе продолжи ќе биде преку банката, каде што граѓаните ќе можат да донираат финансиски средства. Заедно да стоиме со турскиот и сирискиот народ, порачаа од Општина Тетово.

Жителите на Тетово неколку дена имаа можност облека, конзеревирана храна, греалки, ќебиња и друг вид предмети на два собирни пунктови на плоштадот и во спорската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Граѓаните и понараму може да донираат на Трезорска сметка: 100000000063095 Сметка: 769014090878975 Транзитен број: 725916 Програма: 00 ас/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан