За Гризман заинтересирани клубови од Англија и САД
- За фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се заинтересирани клубови од англиската Премиер лигата и американската МЛС.

Мадрид, 9 јуни 2024 (МИА) – За фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се заинтересирани клубови од англиската Премиер лигата и американската МЛС.
Според „Football Espana“, договорот на 33-годишниот играч предвидува ослободителна клаузула од 15 милиони евра.
Сепак, неизвесно е дали Гризман ќе има нова клупска средина, бидејќи не сака да го напушти Атлетико.
Договорот на Французинот со мадридскиот клуб е до летото 2026 година.
Во сезоната 2023/24, Гризман одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигна 24 гола и беше творец на осум асистенции. зс/
Фото: ЕПА