• понеделник, 16 декември 2024

За време на трката „Трчај, бе 2024“, утре посебен режим на сообраќај во Битола

За време на трката „Трчај, бе 2024“, утре посебен режим на сообраќај во Битола

Битола, 21 септември 2024 (МИА) -  Утре во Битола, од 7:30 до 11:30 часот, од почеток до завршување на спортската манифестација „Трчај, бе“ ќе се применува посебен режим на сообраќај.

Од СВР-Битола информираат дека посебниот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула од страна на Музичкото училиште во Битола до кружниот тек кај Педагошки факултет, потоа улица „Генерал Васко Карангелевски“ до кружниот тек кај маркетот „Веро“, а режим на сообраќај ќе има и на улиците „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик, улица „Филип Втори Македонски“ до кружниот тек кај месноста Дулие,  улица „Баталјон Стив Наумов“,  улица „Прилепска“ до ул. „4-ти Ноември“ и од крстосницата на улица „Солунска“ до „Широк Сокак“.

Годинава во Битола на „Трчај, бе“ има 1.800 учесници од 25 држави, меѓу нив и учесници од Филипини, Индија, САД, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија...

Организаторот апелира граѓаните да ги ослободат паркинг местата кај плоштад „Магнолија“, Саат Кула и на улицата „Солунска“ кај Широк Сокак, да ги набљудуваат и поздрават учесниците на трката „Трчај, бе“ и националното првенство во полумаратон, што утре ќе се одржи во Битола. мт/мд/

Фото: плакат „Трчај, бе 2024“

Остани поврзан