• сабота, 23 ноември 2024

За брзо возење 164 казни на територијата на цела држава 

За брзо возење 164 казни на територијата на цела држава 
Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 164 возачи.
 
Како што денеска информираа од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 97 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/
Фото:МИА

Остани поврзан