• понеделник, 23 декември 2024

За брзо возење 112 санкции на територија на СВР Тетово

За брзо возење 112 санкции на територија на СВР Тетово
Скопје, 31 јули 2022 (МИА) - На територијата на СВР Тетово денеска е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 112 возачи. Од нив, како што соопшти МВР, 47 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 23 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. -Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.лв/

Остани поврзан