Зајакнува институционалната комуникација меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија
- Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и главниот државен ревизор Максим Ацевски денеска потпишаа Меморандум за зајакнување на меѓуинституционалната комуникација на Јавното обвинителств

Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и главниот државен ревизор Максим Ацевски денеска потпишаа Меморандум за зајакнување на меѓуинституционалната комуникација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државниот завод за ревизија.
Целта на документот, како што соопшти ЈОРСМ, е подобрување на квалитетот и начинот на меѓусебната соработка и комуникација заради навремено, целисходно и ефикасно постапување по утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи.
Со потпишување на меморандумот двете институции се обврзуваат да дејствуваат заеднички во насока на обезбедување навремена, непосредна и отворена комуникација со која ќе се обезбедат суштествени информации поврзани со ревизорските наоди, даденото ревизорско мислење и дадените препораки содржани во ревизорските извештаи.
Потписниците на меморандумот се обврзуваат целокупната меѓуинституционална комуникација да ја остваруваат согласно законските надлежности и врз основа на принципите на доверливост и взаемна почит. дма/са/