• вторник, 24 декември 2024

Заштита на грозјето преку контрола на гроздов молец, проект на „Ековита”

Заштита на грозјето преку контрола на гроздов молец, проект на „Ековита”
Неготино, 22 септември 2021 (МИА) - Заштита на грозјето преку контрола на гроздовиот молец, кој, доколку е прекуброен, може да го уништи родот во лозјата, е проектот во завршна фаза што денеска го претстави Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани, „Ековита” од Неготино. Тој појасни дека проектот го реализирале волонтери од здружението, заедно со средношколци од неготинската гимназија, кои на ваков начин учеле за добра земјоделска практика. -Преку овој проект и едните и другите, разбраа дека со феромонски стапици и контрола на гроздовиот молец, се добива поздраво грозје и почиста еколошка средина без употреба на пестициди. Се работи за паметна еко стапица со женски феромон, мирис, кој ги привлекува, па уништува гроздовите молци мажјаци. Ние сме дел од добитниците на шесте мали ЕУ грантови што ги доделија Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво, појасни Тодоров. Тој додаде дека на оваа тема соработуваат и со лозарите, на кои им помагаат да имплементираат добра земјоделска практика. свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан