• среда, 27 ноември 2024

Захарова: Русија ќе ја тужи Украина пред меѓународниот суд поради терористичкиот напад во Москва

Захарова: Русија ќе ја тужи Украина пред меѓународниот суд поради терористичкиот напад во Москва

Москва, 1 април 2024 (МИА) - Русија ќе ја тужи Украина за нејзината улога во терористичкиот напад врз Москва, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за првиот канал на националната телевизија.

„Русија има намера да поднесе барање до Меѓународниот суд и во моментов се подготвува правната документација поврзана со тоа“, рече таа.

„Проследувањето на антитерористичките барања од Русија до Украина е дел од задолжителната процедура“, објасни Захарова.

Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека руските истражувачи пронашле докази кои укажуваат на вмешаност на Украина во терористичкиот напад на московската сала Крокус на 22 март, во кој загинаа 144 лица.

Руското Министерство за надворешни работи достави барање до украинската влада, во рамките на Меѓународната конвенција за сузбивање на терористички бомбашки напади и Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот, со кое го повикува Киев веднаш да ги уапси и екстрадира сите лица вклучени во нападот, меѓу кои и шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Василиј Маљука. паг/
 

 

Остани поврзан