• сабота, 23 ноември 2024

Захарова: Над 900 украински борци од Азовстал се одведени во казнена колонија под контрола на Русија

Захарова: Над 900 украински борци од Азовстал се одведени во казнена колонија под контрола на Русија
Киев, 19 мај 2022 (МИА) - Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро“. ми/

Остани поврзан