• сабота, 23 ноември 2024

Затоплувањето на односите меѓу Техеран и Ријад ја прави атмосферата за мир во Јемен многу поповолна

Затоплувањето на односите меѓу Техеран и Ријад ја прави атмосферата за мир во Јемен многу поповолна

Сана, 11 април 2023 (МИА) - Јеменскиот министер за информации Мохамед ал-Ирјани изјави дека во мометов во земјата атмосферата за мир е поповолна од кога било претходно во минатото, пренесува агенцијата Анадолија.

Ал-Ирјани изјави дека напредокот постигнат во изнаоѓањето политичко решение за кризата во земјата е „победа на уставниот легитимитет и коалицијата предводена од Саудиска Арабија“.

Тој посочи дека поради позитивните случувања во регионот со обновувањето на односите меѓу Саудиска Арабија и Иран, „во Јемен сега постои атмосфера поповолна од кога било за да се обезбеди мир“.

Ал-Ирјани ги пофали напорите на Саудиска Арабија да го врати мирот во Јемен.

Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулахијан и саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Ферхан на 6 април се сретнаа во Пекинг и се договорија за повторно отворање на амбасадите на двете земји, обновување на летовите меѓу двете земји и олеснување на визите.

Во заедничката изјава објавена по првата официјална средба на ниво на министри за надворешни работи меѓу Техеран и Ријад по седум години, се наведува дека двете земји се договориле да ја прошират соработката на сите полиња. сд/

Остани поврзан