• сабота, 23 ноември 2024

Затворска казна за хулиганот кој го нападна голманот на Севиља

Затворска казна за хулиганот кој го нападна голманот на Севиља

Хаг, 8 март 2023 (МИА) – Навивачот на холандскиот прволигаш ПСВ Ајндховен, 20 – годишниот Дилано К., кој за време на баражот за осминафиналето во фудбалската Лига Европа физички го нападна голманот на Севиља и српски репрезентативец Марко Дмитровиќ, е осуден денеска на казна затвор во траење од два месеци.

Холандскиот навивач за време на натпреварот одигран на 23 февруари втрча на теренот и го удри Дмитровиќ, кој брзо го совлада и го собори на земја додека не дотрчаа фудбалерите на двете екипи и обезбедувањето на стадионот.

Во пресудата што му беше изречена за нападот врз Дмитровиќ, холандскиот хулиган е прогласен за виновен и за кршење на забрана која претходно му била изречена за влез на стадионот.

Холандските обвинители неодамна наведоа дека Дилано К. веќе имал две пресуди за прекршоци поврзани со фудбал и бил под дејство на алкохол кога втрчал на теренот и го удрил српскиот голман. ег/сд/

Остани поврзан