• понеделник, 23 декември 2024

Затворени избирачките места за претседателските избори во Црна Гора, излезноста 67 отсто

Затворени избирачките места за претседателските избори во Црна Гора, излезноста 67 отсто

Подгорица, 2 април 2023 (МИА) - Затворени се избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Црна Гора, излезноста до 19 часот се проценува на околу 67 отсто, а ќе следат и првите проценки за изборните резултати, јави МИНА.

Во вториот круг се натпреваруваа актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега.

Според информациите на ЦДТ и ЦЕМИ, изборите поминале мирно, без поголеми нерегуларности кои би можеле да го загрозат изборниот резултат.

Право на глас имаа над 542.000 граѓани запишани во избирачкиот список. сд/

Остани поврзан