• понеделник, 23 декември 2024

Затворени гласачките места за локалните избори во Турција

Затворени гласачките места за локалните избори во Турција

Анкара, 31 март 2024 (МИА) - Затворени се гласачките места за локалните избори во Турција, а се очекува пребројувањето на гласовите да трае до доцна во ноќта.

Претседателот на турската Висока изборна комисија (ХЦК) Ахмет Јенер рече дека гласањето поминало без проблеми, но со одредени инциденти.

- Гласањето заврши. Се одвиваше во мирна атмосфера, освен изолирани инциденти. Посакувам брзо закрепнување на повредените во овие инциденти. Процесот на отворање на гласачките кутии и пребројување на гласачките ливчиња започна, рече Јенер.

Претходно беше соопштено дека едно лице загина, а 12 се повредени при инцидент за време на локалните избори во Дијарбекир, град со претежно курдско население. 

„За време на изборите дојде до судири меѓу две групи при што едно лице загина, а 12 се повредени“,соопшти тамошното Министерство за здравство.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајип Ердоган преку социјалната мрежа Икс ги повика граѓаните „да не ги напуштаат избирачките места додека не се преброи последниот глас и не се финализираат резултатите за да се заштити волјата на народот“.

Изборите започнаа во 7:00 часот во 32 окрузи во источна и југоисточна Турција и продолжија до 16:00 часот. Во останатиот дел од земјата изборите започнаа во 08:00 часот, а завршија во 17:00 часот, поради сезонските услови и времето на заоѓањена Сонцето, турската Врховна изборна комисија, како и на претходните избори, одлучи еден час порано да ги започне изборите во 32 окрузи во земјата.

На изборите денеска имаа можност да гласаат вкупно 61.441.882 гласачи. Во главниот град Анкара, според Окружната изборна комисија, право на глас имале 4.304.871 регистрирани гласачи.

На изборите учествуваа кандидати на 34 политички партии, а во земјата беа отворени над 206.000 избирачки места. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан