Засилени контроли на пловидбата на Охридското Езеро
- Инспектори од Капетанијата на Пристаништа Охрид, од Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид во текот на вчерашниот ден спровеле засилени мерки и активности за контрола на сообраќајот на Охридското Езеро. Притоа извршена е контрола на 13 пловни објекти и исто толку физички лица, при што констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба.
Охрид, 7 јули 2025 (МИА) – Инспектори од Капетанијата на Пристаништа Охрид, од Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид во текот на вчерашниот ден спровеле засилени мерки и активности за контрола на сообраќајот на Охридското Езеро.
Притоа извршена е контрола на 13 пловни објекти и исто толку физички лица, при што констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба.
При извршен алко-тест е утврдено присуство на алкохол кај седум лица, од кои кај двајца утврдено 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта.
За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал.
Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, Капетанијата на Пристаништа Охрид во соработка со Езерската полиција во наредниот период ќе ги засили инспекциските контроли.
Истовремено се упатува повик до сопствениците навремено да ја спроведуваат регистрацијата на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба. аб/вг/
фото: МИА