• понеделник, 23 декември 2024

Заседание на ФАК во Брисел, на маргините потпишување на Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу земјава и ЕУ  

Заседание на ФАК во Брисел, на маргините потпишување на Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу земјава и ЕУ  

Брисел, 18 ноември 2024 (МИА) - Во Брисел денеска почнува дводневното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК), на чии маргини утре шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцински и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе го потпишат Договорот за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.  

Советот денеска ќе заседава на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, кои се очекува да ги изнесат своите ставови и мислења по предлогот на Борел за прекин на политичкиот дијалог во рамки на Договорот за асоцијација меѓу Израел и Унијата. 

Борел, кој ќе претседава со ФАК, ќе ги информира министрите за најновата правна оценка за почитувањето на човековите права и меѓународното хуманитарно право од страна на Израел, како и за израелската регулатива за УНРВА. 

Дебатата за односите со Израел ќе биде во рамки на точката посветена на состојбата на Блискиот Исток, која е една од темите на заседанието на Советот, заедно со последниот развој на настаните поврзани со руската агресија врз Украина, односите ЕУ-САД и случувањата во Грузија и во реонот на Рогот на Африка. 

Во делот на расправата на ФАК посветена на Блискиот Исток, министрите ќе дебатираат и за најновите случувања во Газа и Либан, како и за пошироката регионална ситуација, вклучително и за следното заседание на Глобалната алијанса за спроведување на решението за две држави на Блискиот Исток, што треба да се одржи кон крајот на ноември во Брисел. 

Дебатата за руска агресија врз Украина ќе започне со неформална размена на мислења преку видео конференциска врска на европските шефови на дипломатија со украинскиот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха за најновите случување на бојното поле. 

Најновата анкета на украинската агенција Рејтинг покажува дека 80 проценти од Украинците се подготвени со оружје да ја бранат Украина. Тоа е голем пораст во споредба со 2020 година кога 59 от

Во продолжение Борел, кој ќе претседава со заседанието на ФАК, ќе ги информира министрите за неговата неодамнешна посета на Украина и за ставовите на Киев во однос на случувањата на теренот и за резултатите од претседателските избори во САД.  

Во овој контекст, ќе се дискутира и за понатамошната поддршка на Украина, за начините на спречување на заобиколувањето на санкциите кон Русија, за евентуални дополнителни рестриктивни мерки против Москва и за можен одговор на ЕУ за поддршка на руската агресија од страна на трети земји.  

Министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува да расправаат за трансатлантските односи во светло на резултатите од претседателските и конгресните избори во САД на 5 ноември, со посебен фокус на меѓусебната соработка во однос на Украина и Блискиот Исток. 

На заседанието на Советот ќе стане збор и за ситуацијата во Грузија на парламентарните избори одржани на 26 октомври и за демократското назадување на земјата и неговите последици по европскиот пат на Тбилиси, како и за состојбата и последните случувања во реонот на Рогот на Африка, пред се во Сомалија и Судан. 

Совет за надворешни работи ќе продолжи утре со заседание на ниво на министри за одбрана на земјите членки на ЕУ, на кои ќе се расправа за поддршката на Унијата за Украина и одбранбената подготвеност на блокот. 

Во рамки на дискусијата за поддршката на ЕУ за Украина министрите за одбрана ќе имаат неформална размена на мислења преку видео конференциска врска со нивниот украински колега Рустем Умеров и со советникот за стратешки прашања на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Александар Камишин. На овој дел од заседанието на ФАК ќе присуствува и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Холандскиот премиер Марк Руте попладнево ги почнува преговорите за формирање нова коалициска влада по четвртата последователна победа на парламентарните избори, на што укажуваат денешните рез

Во продолжение министрите ќе дебатираат и за исплата на средства од Европскиот мировен фонд и од профитите од замрзнатите руски средства за Киев, како и за континуираната поддршка за обука на украинските сили преку Мисијата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина. 

Како дел од дискусијата за одбранбената подготвеност на ЕУ, министрите за одбрана ќе дебатираат со специјалниот советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и поранешен фински претседател Саули Нинисто во врска со неговиот извештај под наслов  „Побезбедни заедно – Зајакнување на цивилната и воената подготвеност на Европа“. 

Извештајот на Нинисто содржи 80 препораки за тоа како да се зајакне цивилно-воената соработка во повеќе области, меѓу кои и справувањето со кризи, цивилната заштита, одбранбена индустрија, хибридните закани, економска безбедност, заштитата на критична инфраструктура и спречувањето конфликти. 

Се очекува министрите да се осврнат и на имплементацијата на регулативите за поддршка на производството на муниција (АСАП) и за воспоставување механизам за зајакнување на европската одбранбена индустрија преку заеднички набавки (ЕДИРПА). 

Пред средбата на министрите за одбрана ќе се одржи состанок на Управниот одбор на Европската агенција за одбрана (ЕДА), на кој меѓу другото ќе се расправа нејзиниот буџет за 2025 година, за тригодишната рамка за планирање, за извештајот за Координираниот годишен преглед на одбрана (КАРД) за 2024 година и за трошоците за одбрана на земјите членки на ЕУ и нивните одбранбени планови. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан