• среда, 27 ноември 2024

Засаден шестиот „Пензиски парк“ во рамки на кампањата „Засади желба“

Засаден шестиот „Пензиски парк“ во рамки на кампањата „Засади желба“
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Пензиските друштва заедно со учениците од средното училиште „Здравко Цветковски“, денеска во Скопје го засадија шестиот „Пензиски парк“. Засадувањето е во рамки на акцијата која е дел од кампањата „Засади желба, за поубава иднина“, по чистење на училишниот двор беа засадени 15 средно созреани листопадни садници. Денешната еколошка акција официјално ја отвори Слободанка Киселовска, помошник директорка во „Здравко Цветковски“, со обраќање до присутните. -Примарна цел на еден родител е да го подучува и насочува своето дете кон одговорно живеење и континуирано вложување во својата иднина. Упатувам голема благодарност до пензиските друштва поради тоа што се однесуваат родителски кон сите нас. Оваа кампања „Засади желба, за поубава иднина“ беспрекорно ја отсликува и нивната грижа за младите генерации. Сите знаеме дека едукацијата на младите е многу важен фактор за нивна поубава иднина, токму затоа како училиште топло ја прифативме поканата да учествуваме во оваа кампања. Ние со години наназад се грижиме за средината во која нашите ученици се едуцираат и многу вложуваме во уредување и раззеленување на училишниот двор. Верувам дека учениците ќе ја прифатат пораката на оваа кампања, ќе се однесуваат одговорно кон својата иднина и ќе се грижат за животната средина, истакна Киселовска.   Целта е што е можно повеќе училишта да бидат вклучени во акциите преку кои на младите им се пренесува пораката за активниот удел кој тие го имаат во градењето на поубава иднина за себе, но и во создавањето на поздрава околина за целата заедница. -Најпрво, дозволете ми да се заблагодарам на помошник директорката на училиштето и на сите вас кои сте овде денес и ќе ни помогнете заедно да го засадиме шестиот по ред Пензиски парк, како дел од едукативната кампања „Засади желба, за поубава иднина“. Ние, како пензиски друштва веруваме дека иднината е резултат на чекорите кои ги преземаме денес, дека со секоја денешна инвестиција сме чекор напред кон обезбедување на поквалитетни денови во иднина, е наведено во соопштението испратено од тимот. По двете успешно завршени акции овој месец, пензиските друштва најавуваат нови садења од септември.свс/лв/  

Остани поврзан