• недела, 15 декември 2024

Засадени над 4.000 дрвца кај црквата „Света Недела“ во Штип

Засадени над 4.000 дрвца кај црквата „Света Недела“ во Штип

Штип, 13 декември 2024 (МИА) - Над 4.000 садници зимзелени дрва денеска се посадија во месноста Света Недела во Штип. Активноста е на универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Гоце Делчев“, Општина Штип и ЈП „Исар“. Целта е да се засадат повеќе дрва и да се ублажат штетите од големите пожари кои беснееа летото.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека во иднина ваквите активности ќе бидат сѐ почести.

-Акцијата ја организиравме заедно со организацијата на универзиетскиот парламент, ЈП „Исар“, со цел да се подигне свеста, но и да се започне активност во насока на пошумување на градот Штип. Ова изминато лето имавме огромни штети од пожарите кои настанаа на територија на Општина Штип. Се надевам дека ваквите акции во иднина ќе бидат почести, вели Јорданов.

Санела Гацова претседател на универзитетското студентско собрание при УГД-Штип вели дека акцијата е под мотото „Садиме дрвца денес, славиме живот утре“, а  се засадија багрем, јасен и црн бор.

-Вакви акции и настани ќе следуваат и во иднина. Денеска ќе бидат насадени 4000 садници на настанот „Садиме дрвца денеска, славиме живот утре, вели Гацова.

 Освен садење на дрвца, низ градот се работи и на хортикулутрно уредување на парковите и зелените површини. Јорданов упати апел до сите граѓани да се чува она што се создава, додавајќи дека сечењето и кражбата на дрва ќе бидат соодветно санкционирани од надлежните органи. вдј/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан