Зариф: Планетата ќе биде подобро место без Трамп
- Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека „планетата Земја ќе биде подобро место за живеење“ по заминувањето на Доналд Трамп од претседателската функција
Техеран, 16 јануари 2021 (МИА) - Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека „планетата Земја ќе биде подобро место за живеење“ по заминувањето на Доналд Трамп од претседателската функција.
Зариф на Твитер напиша дека „штетата што режимот на Доналд Трамп и ја нанесе на човековиот род не е доволна за неговите екстремисти“ и нагласи дека „се срамни последните денови на Трамп“.
- Тоа што Мајк Помпео ги прогласи Хутите за терористи и со тоа го зголеми гуманитарниот кошмар во Јемен со кажување клаги против Иран, покажува краен презир кон мирот, посочи Зариф. ми/