• четврток, 25 јули 2024

Започна раззеленувањето на дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

Започна раззеленувањето на дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4
Скопје, 10 декември 2020 (МИА) - Започна раззеленувањето на дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во населбата Карпош 4. - Делот од училишниот двор кој е долж улицата „Разловечко востание“ добива нова тревна површина и систем за наводнување. За ревитализација на овој простор Општина Карпош аплицираше и доби средства од 400.000 денари врз основа на Повикот за намалување на аерозагадување распишан од Владата на Република Северна Македонија, информираат од прес-службата на Општина Карпош. Посочуваат дека е предвидено да се уредат околу 1.000 квадратни метри површина, а дополнително, локалната самоуправа на оваа површина, на пролет ќе засади и нови висококвалитетни дрвја и зеленило. Оттаму соопштуваат дека хортикултурното уредување на училишниот двор, преку буџетскиот анкетен прашалник, во неколку наврати е посочено како потреба и од жителите на Карпош 4. - Општина Карпош продолжува да вложува во раззеленување на училишните дворови или искористување на просторот за нови спортски содржини. Оваа година, нов лик доби и дворот на ООУ „Лазо Трповски“. Во изминатиот период нови спортски игралишта се направија и во училипштата „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“ и „Братство“, информираат од општината.фф/дма/

Остани поврзан