• понеделник, 23 декември 2024

Започна постапката за законска гаранција за 100 милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија

Започна постапката за законска гаранција за 100 милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Владата на денешната 59-та го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор за одговор на Северна Македонија на КОВИД-19. - Предлог-законот, кој е доставен на усвојување во Собранието, е наменет да го поддржи финансирањето на малите и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кое ќе се оствари со договор меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје со кој 100.000.000 евра свеж капитал ќе се за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз, информира владината прес-служба. На денешната седница е усвоена информацијата за статусот на реализација на економски мерки за справување со КОВИД-19 што ја презентираше Министерството за финансии. - Според анализата врз основа на која е направена информацијата одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата беше брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население и имаше значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Фискалниот стимул на досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5 отсто од БДП. Оттука, се проценува дека преку фискален импулс од 704 милиони евра (6,5 отсто од БДП) падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал -8,4 проценти, наспроти остварениот пад од 4,5 отсто, сенаведува во соопштението од владината седница. Владата посочува дека со четирите антиковид мерки се ублажени последиците и во однос на стапката на невработеноста, која во првото тримесечје на минатата година порасна од 16,2 на 16,7 отсто, додека во третото и четвртото тримесечје бележи постепено намалување на 16,5 и 16,1 проценти соодветно, со што просечната стапка на невработеност во 2020 година изнесува 16,4 отсто. - Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, забележа раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се: зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор во септември 2019 година, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година, се додава во соопштението. Владата на седницата донесе одлука и за исплата на 100.000.000 денари од Програмата за справување со КОВИД-19 од Буџетот на „Тутунски комбинат“ А.Д. Прилеп за да се реализира заклучокот на Владата од седницата на 18 март за привремената поддршка за откуп на вишокот тутун од реколтата од 2020 година, со обврска Тутунскиот комбинат овие средства да ги врати во Буџетот до 10 декември 2021 година. - На оваа седница е утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија со кој се проширува листата на корисници на финансиската поддршка со производители на вино запишани во регистарот на производители на вино кои винското грозје произведено од сопствен насад го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино и земјоделски стопанства кои самостојно извршиле извоз на винското грозје кое го произвеле од сопствен насад, информира владината прес-служба. сп/

Остани поврзан