Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје во М.Каменица
- Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје во М.Каменица. Целта на активноста, како што информираа од Општината, е зголемена безбедност

Македонска Каменица, 15 јули 2021 (МИА) - Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје во М.Каменица. Целта на активноста, како што информираа од Општината, е зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот и граѓаните.
- Хоризонталната сигнализација се поставува на улиците во градот кои беа реконструирани претходниот период. Во моментот, обележувањето и означување се врши пред училиштето „Миле Јаневски Џингар“ како и долж булеварот „Александар Македонски“, информираа од Општината.

Со реализацијата на сообраќајното решение и поставувањето на хоризонталната сигнализација и опрема, како што додадоа, ќе се изврши навремено известување на сите учесници во сообраќајот за режимот под кој се одвива сообраќајот и ќе се обезбеди оптимално ниво на безбедно и непречено движење по новореконструираните улици.
- Претходно, обележување е извршено и на дел од улиците на влезот во Македонска Каменица од страната на Делчево, кои, исто така, беа опфатени со реконструкција и асфалтирање, додадоа од Општината.
Средствата за реализација на овие активности како што додадоа се обезбедени од општимскиот буџет. вс/ар