• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Започна асфалтирањето на локален пат во Караџевско маало, село Косевица

Започна асфалтирањето на локален пат во Караџевско маало, село Косевица

Македонска Каменица, 14 август 2025 (МИА) - Во Караџевско маало, село Косевица, денеска започна асфалтирањето на локалниот пат во должина од 1.500 метри, информира градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Проектот опфаќа и асфалтирање на локалниот пат до манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Аџиско маало, село Саса, каде што во моментов се врши тампонирање на трасата според утврдената динамика на изградба.

- Ова е уште еден конкретен инфраструктурен чекор на Општина Македонска Каменица во подобрувањето на условите за живот и зголемување на сообраќајната поврзаност до крајните рурални средини на нашата општина, истакна Атанасовски.

Тој додаде дека во наредниот период ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе патни правци за кои веќе е распишана јавна набавка. Меѓу нив се локалниот пат до Ефендиско маало во село Луковица, маало Гребење во село Цера, маало Паровци во село Косевица, патниот правец што ги поврзува селата Косевица и Моштица преку маалото Горанци, како и патот меѓу Цера и Саса.

-Чекор по чекор градиме современа, безбедна и функционална патна мрежа, со која обезбедуваме целосно поврзување на нашата општина, олеснета мобилност и подобар живот за сите наши сограѓани. Создаваме поразвиена, поврзана и просперитетна Македонска Каменица, порача градоначалникот Атанасовски. вс/ац/

Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан