• сабота, 23 ноември 2024

Започнаа градежните работи за реконструкција на улица Осоговска во Македонска Каменица

Започнаа градежните работи за реконструкција на улица Осоговска во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 20 септември 2024 (МИА) - Со средства обезбедени од Светска банка преку Проектот за изградба на локална патна инфраструктура, започнаа градежните работи за реконструкција на улица Осоговска - една од најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица, објави денеска градоначалникот на оваа општина Димчо Атанасовски. 

Предвидено како што додава тој е реконструкцијата да опфати 747 метри должина од улицата. 

-Во моментов се изведуваат активности за отстранување на горниот слој од асфалтот, по што следуваат останатите фази од проектот и асфалтирање.Свесни сме дека градежните работи можат да предизвикаат одредени тешкотии во сообраќајот, но Ве молиме за ваше разбирање и соработка во текот на периодот на реконструкција. Од економскиот оператор „Коле Транс“ како изведувач на градежните работи добив уверување дека екипите на терен ќе се потрудат да ги сведат на минимум сите непријатности и завршување на работите во најкус можен рок, истакна Атанасовски.

Реконструкцијата на улица „Осоговска“ е само еден од многуте проекти кои како што додава Атанасовски во својата објава се реализира со цел подобрување на функционалноста на патната инфраструктура во Македонска Каменица. 

-Верувам дека оваа инвестиција ќе обезбеди подобри и побезбедни услови во сообраќајот и ќе придонесе за поквалитетен живот на сите граѓани на нашата општина, додаде Атанасовски.

Средствата, во висина од 6.394.685,оо денари потребни за реконструкција на улица Осоговска, во целост се обезбедени од Светска банка преку Проектот за изградба на локална патна инфраструкрура. вс/сст/

Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица 

Остани поврзан