• четврток, 14 ноември 2024

Запленети 7000 петарди и огномети во Битола

Запленети 7000 петарди и огномети во Битола

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени  4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, при преглед на патничкото возило „поло" со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , биле пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства.

-По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, најави МВР. лв/

Остани поврзан