Запалена викендичка во Катланово, на терен пет возила и 15 пожарникари
- Запалена е викендичка во близина на црквата во населбата Катланово. Интервенираат 15 пожарникари со пет противпожарни возила, информиртаа вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје (РЦУК).

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Запалена е викендичка во близина на црквата во населбата Катланово. Интервенираат 15 пожарникари со пет противпожарни возила, информиртаа вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје (РЦУК).
Пожарот е пријавен на Европскиот број за итни случаи околу 22 часот. Од РЦУК Скопје информираат дека нема опасност за проширување на пожарот.
Дополнителни информации најавуваат во утринскиот извештај. бд/бак/
Фото: МИА архива