• четврток, 26 декември 2024

Западни медиуми: На САД ќе им бидат потребни неколку години за да ги преместат силите во Европа

Западни медиуми: На САД ќе им бидат потребни неколку години за да ги преместат силите во Европа

Вашингтон, 30 јули 2020 (МИА) - На САД ќе им бидат потребни неколку години за да ги преместат силите во Европа (ЕУКОМ) од Германија во седиштето на НАТО во Брисел, додека за реновирање на објектите во кои ќе бидат пренесени ќе бидат потребни значителни средства, потврдија тројца поранешни високи функционери во изјава за западни медиуми.

И покрај загриженоста дека тој потег е политички мотивиран, тројца извори велат дека „поедноставувањето и рационализацијата“ на американското воено присуство во Европа е стратешко.

Како дел од планот за намалување на бројот на трупите во Германија, американскиот претседател Доналд Трамп наложи американските сили во Европа да бидат пренесени од Штутгарт во Монс во близина на Брисел, каде се наоѓа седиштето на НАТО во Европа.

Поранешни високи официјални претставници во американската армија изјавија дека објектите во кои се наоѓа седиштето на НАТО во Европа бараат реновирање и дека за тоа ќе биде потребна значителна распределба на средства.

Планот предвидува меѓу 12.000 и 36.000 војници од Германија да бидат префрлени во Монс. паг/

Остани поврзан