• вторник, 24 декември 2024

Западни медиуми: Бритни Спирс се разделила со сопругот по една година брак

Западни медиуми: Бритни Спирс се разделила со сопругот по една година брак

Лос Анџелес, 17 август 2023 (МИА) - Пејачката Бритни Спирс и Сем Асгари се разделуваат по 14 месеци брак. Наводите говорат дека пред околу една седмица, Сем се соочил со Бритни за гласините дека таа го изневерувала, пренесуваат западните медиуми.

Не се знае дали гласините се вистинити, но Сем им поверувал и следела жестока расправија, сведочи неименуван извор за „Ти-ем-зи“. Сем, наводно, потоа се иселил од нивната куќа и сега живее во свој стан.

„Прашање на време е кога Сем ќе поднесе барање за развод“, додава изворот.

Ниту Бритни ниту Сем сѐ уште не ја прокоментирале веста за разделбата. Во јуни, Асгари сподели слики со Бритни за да ја одбележи нивната прва годишнина од бракот. Се венчаа во јуни 2022 година во куќата на поп-ѕвездата. Меѓу гостите беа Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез. Тие двајца беа во врска шест години пред да се венчаат.  си/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан