• четврток, 19 декември 2024

Западните сојузници договорија нови финансиски санкции против Русија

Западните сојузници договорија нови финансиски санкции против Русија
Берлин, 26 февруари 2022 (МИА)  -   Западните сојузници денеска се согласија на нови финансиски санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина, вклучително и преземање на клучната акција за исклучување на голем број руски банки од меѓубанкарскиот систем SWIFT. „Тоа има за цел да ги отсече овие институции од меѓународните финансиски текови, што масовно ќе ги ограничи нивните глобални операции“, се вели во соопштението на портпаролот на германската влада. Во соопштение Белата куќа соопшти дека, во соработка со Европската комисија, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Канада, САД го поддржуваат исклучувањето на „избрани руски банки“ од SWIFT, високата безбедносна мрежа која поврзува илјадници финансиски институции ширум светот и вети напори за „колективно да се осигура дека оваа војна е стратешки неуспех за Путин“. зш/

Остани поврзан