• вторник, 26 ноември 2024

Западна Австралија ја ограничува продажбата на алкохол

Западна Австралија ја ограничува продажбата на алкохол
Перт, 25 март 2020 (МИА) - Државата Западна Австралија најави ограничување на продажбата на алкохол, со цел превентивно да го спречи порастот на проблеми поврзани со алкохолот, кои би ги трошеле ресурсите на полицијата и итните служби и дополнително би претставувале товар за здравствениот систем. Со ваквата мерка, секој граѓанин ќе може да купи најмногу комбинација од два производа: пакет пиво, јаболковача или мешани алкохолни пијалоци, пакет со три шишиња вино, еден литар жесток алкохолен пијалок или еден литар ликер. Тоа е прва држава во Австралија која ја ограничи продажбата на алкохол. Властите соопштија дека ограничувањата се насочени кон намалување на големата потрошувачка и проблемите поврзани со алкохолот во период на пандемија на коронавирусот. Мерките ќе бидат во сила две недели, а би можеле и да се продолжат. гт/

Остани поврзан