• сабота, 23 ноември 2024

Заменик министерот за локална самоуправа во посета на Берово

Заменик министерот за локална самоуправа во посета на Берово
Берово, 16 јануари 2020 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска оствари средба со заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски. На работната средба, како што информираа од Општината, Пекевски го запознал заменик-министерот со функционирањето на општината, реализираните проекти, проектите во тек и проектите кои во иднина се планира да бидат реализирани. -Градоначалникот истакна дека општината е фокусирана кон искористување на средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка, со Бугарија и дека во изминатиов период општина Берово има успешна реализација на голем број проекти, со средствата од Европската Унија. Во таа насока информираше дека во завршна фаза е реализацијата на проектот „Заштита на жителите, долж две реки“, а по истиот повик, веќе имаме одобрено и друг проект, за набавка на специјално возило за заштита од природни непогоди, истакнаа од Општината. На средбата како што додадоа, се разговарало и за регионалниот развој на Општината. -Акцент беше ставен на користење на средства од различните фондови. Општина Берово, постојано работи на  разработување на идеи, со кои би се аплицирало на тековните повици и повиците кои треба да излезат во престојниот период, со што се отвораат нови можности за прилив на средства, кои ќе го подобрат животот на граѓаните, додадоа од Општината. Посетата на заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски како што додадоа се реализира за прв пат. вс/аа/

Остани поврзан