• понеделник, 07 октомври 2024

Заменик министерката за европски прашања Трајков на Светски Економски Форум во Карпач

Заменик министерката за европски прашања Трајков на Светски Економски Форум во Карпач

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во наредните денови ќе биде дел од Светскиот Економски Форум кој од денеска до 5 септември ќе се одржи во Карпач, Полска. Форумот е организиран од Фондацијата Институт за источни студии и е најголемата конференција во Централна и Источна Европа, информираат денеска од Министерството за европски прашања.

Овој форум, велат оттаму, повеќе од 30 години привлекува политички, економски и социјални лидери од целиот свет.

-Уникатниот формат на настанот го поттикнува развојот на соработката меѓу ЕУ Земјите-членки и нивните соседи. На Форумот се носат важни декларации секоја година, поради што дебатите се следат со најголем интерес од медиумите ширум светот, а нивните одгласи одекнуваат во експертските и политичките кругови долго по завршување на Форумот, се вели во соопштението од Министерството за европски прашања. 

Темата на овогодинешното 33-то издание на Економскиот форум е „Време на нови лидери - Заедничко обликување на иднината“. Заменик министерката Трајков ќе зборува на тема „Интеграција на државите од Западен Балкан - значење и форми на соработка“. сст/са/

Фото: Министерство за европски прашања

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан