• понеделник, 23 декември 2024

Заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана доби признание „За заслуги“ на последниот ден на функцијата

Заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана доби признание „За заслуги“ на последниот ден на функцијата

Брисел, 10 септември 2024 (МИА) - Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, беше одликуван со орден „За заслуги“ за неговиот исклучителен придонес во службата на Северноатлантската алијанса.

Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО во Брисел и беше водена од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Џоана, кому денеска му завршува мандатот, беше првиот Романец на оваа позиција. Тој беше пофален за неговата стратешка визија и искуство во водството на Алијансата.

Се шпекулира дека Џоана може да се кандидира за претседател на Романија на изборите во ноември, иако тој сè уште нема потврдено кандидатура. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан