• понеделник, 23 декември 2024

Заматена водата од регионалниот водовод Лукар поради дождовите, треба да се преврива  

Заматена водата од регионалниот водовод Лукар поради дождовите, треба да се преврива  

Кавадарци, 2 декември 2024 (МИА) - Заматена е водата од регионалниот водовод Лукар поради дождовите, треба да се преврива, информираа синоќа од јавното претпријатие „Комуналец" во Кавадарци.   


- Поради обилните дождови на локацијата каде што се наоѓаат изворите Лукар, дојдено е до заматување на водата. Се препорачува во следните 24 часа водата од градскиот водовод која се користи за пиење да се преврива, појаснија од комуналното претпријатие. 


Претходно, во текот на вчерашниот ден, од претпријатието известија дека поради обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија локалитетот на изворите Лукар, конкретно Стара река, дошло до енормно зголемување на дотокот на вода и поради таа состојба се намалил дотокот на вода на одредени места во градот. Како последица на тоа, на одредени локалитети во градот дошло до намалување, а некаде и до прекин во водоснабдувањето до крајот на вчерашниот ден. свд/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан