• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Заматена водата за пиење во Кавадарци 

Заматена водата за пиење во Кавадарци 

Кавадарци, 1 април 2025 (МИА) - Водата за пиење во Кавадарци е заматена поради дождовите. Од јавното претпријатие „Комуналец" вечерва информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.  

- Известуваме дека поради временските услови и  обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата, се вели во објавата на „Комуналец" на Фејсбук. 

Од Јавното претпријатие посочуваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја промена. свд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан