• недела, 06 октомври 2024

Залутан куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово

Залутан куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово
Куманово, 16 септември 2022 (МИА) - Куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово, информираше денеска полицијата.
Како што информираат од СВР Куманово, вработена во продавница за бела техника на улица „11-ти Октомври“ во Куманово, пред два дена пријавила дека зрно од огнено оружје го пробило кровот и паднало во продавницата.
Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. Полицијата работи на расчистување на случајот.ам/фф/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан