• вторник, 10 март 2026

Законот за Jавното обвинителство пред пратениците

Законот за Jавното обвинителство пред пратениците

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 92. пленарната седница. На предложениот дневен ред се повеќе закони. 

Пратениците треба да расправаат за Предлог на закон за Jавното обвинителство, за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, за измените на Законот за данокот на добивка, сите во прво читање, како и за   Предлог на закон за органско земјоделско производство, во второ читање.  

По скратена постапка се предлага носење на измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, на Законот за данокот на додадена вредност и на измените и дополнувањата на Законот за шумите.

На предложениот дневен ред на седницата е и Годишен извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2025 година. ев/хс/

ФОТО: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан