• понеделник, 23 декември 2024

Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија 

Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија 

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - Новото законско решение за правична застапеност мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија, вели премиерот Христијан Мицкоски, а од коалициониот партнер во владата „Вреди“ дека новиот закон веќе е во подготовка и од следната недела ќе се организриа јавна дебата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по укинувањето на „балансерот“, рече дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.

-Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти а не сме, и да кажуваме како требало, подвлече Мицкоски.

Të drejtat e komunitetit bullgar nuk janë temë për politikë ditore, thotë kryeministri Hristijan Mickoski, duke shprehur keqardhje që lideri i BDI-së Ali Ahmeti këtë, siç theksoi,  po e përdo

Тој потенцира дека е потребно од кога ќе се искристализира решението кое ќе биде на основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се донесе.

Во однос на ДУИ, Мицкоски нагласи дека на владина седница минатата година, членови на ДУИ ја усвоиле стратегијата за реформа во јавната администрација, која, како што нагласи, јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“.

– ДУИ во опозиција го демантира ДУИ на власт. Мислам дека на 23 јули 2023 година, на владина седница членови на ДУИ, кои што додека играат фудбалчиња претпоставувам читуцкаат какви реформи носат, една од тие реформи е реформата во јавната администрација, каде што јасно вели дека треба да биде избришан „балансерот“. Сега кое ДУИ ја зборува вистината? Тоа кое што жонглира по канцеларии и гласа вакви реформи во јавната администрација каде што се брише „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција, рече Мицкоски.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори ставот дека е потребен Закон за правична застапеност. Тој рече дека „Вреди“ веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе следната недела ќе се одржи и јавна дебата.

Министерот за здравство и дел од Коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денска информира нивната коалиција во Владата ќе биде претставена од седум заменици-министри. Тој ги соопшти само имињата н

-„Вреди“ подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме в координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.

Тој подвлече дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

-Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон, додаде Таравари.

Уставниот суд на седница на 9 октомври годинава донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе отвори дискусија и ќе разгледа четири иницијативи.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по седницата, образложи дека одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Манипулација, ги нарече, тврдењата дека Уставниот суд укинал права на заедниците.

Со одлуката се укинати одредби од законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконските акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност. 

При градењето на својот став во овој предмет, Костадиновкси информираше дека Судот го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД (Students for fair admissions v. President and fellows of Harvard College, 2023). аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан