• недела, 28 јули 2024

Заков: Бугарија доби понуда за втората серија авиони Ф-16 за една милијарда и 320 милиони американски долари

Заков: Бугарија доби понуда за втората серија авиони Ф-16 за една милијарда и 320 милиони американски долари
Софија, 21 јули 2022 (МИА) - Министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков на состанокот на собраниската комисија за одбрана соопшти дека понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 е една милијарда и 320 милиони долари. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков пред неколку дена изјави дека пристигнала понудата од САД за вторите осум борбени авиони Ф-16. Сумата е приближно иста како онаа од првиот договор, која е една милијарда и 256 милиони долари, но пакетот за вооружување е многу поголем и имаме право на одложено плаќање, рече министерот Заков.

- Бројот на авиони е ист, но со таа разлика што за првите авиони има шест единечни, и два двоседи „Искри“, за вторите соодносот е четири спрема четири. Овој пат Бугарија ќе добие и поголемо придружно вооружување за новите американски воени авиони, категорично изјави Заков. нк/ми/

Остани поврзан