• четврток, 19 декември 2024

Закерберг: Фејсбук го менува името во Мета

Закерберг: Фејсбук го менува името во Мета
Њујорк, 28 октомври 2021 (МИА) – Извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг денеска претстави голем број нови концепти, и најави дека компанијата ќе го промени името во Мета. Социјалната мрежа ќе го задржи своето име, а отсега компанијата Мета ќе биде сопственик на три големи брендови: Facebook, Instagram и WhatsApp. Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Facebook, и да се оддалечи компанијата од бројните скандали кои се случија неодамна, коментираат светските медиуми. - Знам дека некои луѓе ќе речат дека ова не е време да се фокусираме на иднината и сакам да нагласам дека има важни прашања на кои треба да се работи сега. Секогаш ќе има, рече Закерберг за време на конференцијата за виртуелна и проширена реалност. Тој рече дека не е сигурен дека за многу луѓе некогаш ќе биде добро време да се фокусираат на иднината. - Но, исто така знам дека има многумина од вас кои се чувствуваат исто како и јас. Живееме за она што го градиме. Иако грешиме, продолжуваме да учиме и да градиме и да одиме напред, нагласи Закерберг. ссм/

Остани поврзан