Закерберг најави ревизија на правилата на Фејсбук
- Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг изјави дека ги ревидира правилата за содржината на оваа социјална мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе, поради пост на
Кембриџ (САД), 6 јуни 2020 (МИА) - Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг изјави дека ги ревидира правилата за содржината на оваа социјална мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе, поради пост на американскиот претседател Доналд Трамп во кој им се заканува на демонстрантите против полициско насилство врз расна основа.
Тој најави дека Фејсбук се обидува да ја подобри политиката за содржини на социјалните мрежи.
- Знам дека многумина од вас мислат дека минатата недела требаше на некој начин да ги означиме постовите на претседателот, напиша Закерберг во пост, осврнувајќи се на неговата претходна одлука да не се отстрани пост на Трамп, кој содржи фраза „кога ќе започне грабежот, почнува и пукањето“. јт/