Закана за бомба во Версајската палата
- Версајската палата, една од најпосетуваните знаменитости во Франција, денеска беше затворена за посетители два часа поради закана за бомба.
Париз, 20 декември 2023 (МИА) - Версајската палата, една од најпосетуваните знаменитости во Франција, денеска беше затворена за посетители два часа поради закана за бомба.
Зградата била евакуирана околу 10:20 часот, а била отворена околу 13 часот, соопшти управата на замокот по полициска проверка.
Полицијата извршила увид и на големиот плоштад пред Версајската палата за „можен сомнителен пакет“.
Околу две илјади луѓе се евакуирани поради безбедносни причини. мс/
фото: ЕПА