• сабота, 23 ноември 2024

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната
Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев негира дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети разговарал за промена на трите државни симболи, знамето, грбот и химната. Според Заев, етничките прашања се завршена работа. Сега приоритет е она што граѓаните најмногу ги интерсира: поголеми плати, здравство, образование,... -Немаме разговарано, ниту имам намера, а и Ахмети не ме спомна мене. Може разговарале во некои кругови, во партија. За мене фоксуот треба да остане во инвестициите, зелената агенда, работните места, инвестциите во ТИРЗ-овите, домашните вложувања, платите,..., истакна Заев во вечерашното интервју на ТВ Телма. Зелената агенда е една од клучните определби и така, повтори, треба да продолжиме. -Ако некаде е разговарано, разговарано е од апсект на граѓаните. Но, приортетите на граѓаните се јасно поставени: работни места, повисоки плати, унапредено здравство, образование, напомена премиерот. Како што објавија некои медиуми пред два дена, Ахмети во интервју за ТВ Клан рекол дека прашањата за промена на трите државни симболи, знамето, грбот и химната се веќе ставени на маса. Вчера реагираше и Владата, потенцирајќи дека ниту таму, ниту во владејачката СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата. мч/скс/

Остани поврзан